Категории

Како правилно да ги перете четките за шминкање?

Одржувањето на четките за шминка е исклучително важно. Од нив зависи како ќе биде нанесена вашата шминка, а исто така морате да знаете дека четките за шминка привлекуваат голем број на бактерии кои завршуваат на вашето лице и предизвикуваат голем број кожни проблеми, затоа грижата околу нив треба да биде на највисоко ниво.

Доколку ги користите доста често, треба да водите особена грижа за нив. Еве што препорачуваат професионалните шминкери и кои се најдобрите начини на одржување на четките за шминка.

Колку често треба да ги перете?
Ова зависи од тоа колку често ги користите и за каков тип на производ. Секако дека професионалните шминкери препорачуваат да се перат после секоја употреба затоа што на тој начин ќе бидете сигурни дека нема да и наштетат на вашата кожа, а исто така е и попрактично затоа што секогаш имате чиста четка за кога ви е потребен одреден производ.

Со што треба да ги перете?
Многу брендови прават свои чистачи за своите четки, но исто така добар избор би бил благ сапун, шампон или нежен чистач за лице.

Техника на перење
Не ви се потребни никакви алатки за тоа иако некои од нив се вистински корисни, како што се гумичките кои доста длабински ги чистат влакната. Но исто така можете да ги перете така што ќе ги триете со благи кружни движења врз дланката се додека не излезе бојата од нив. Доколку е потребно повторете го процесот се додека водата не стане чиста.

Процес на сушење
Идеалниот начин на сушење на четките е да ги ставите врз пешкир со влакната надолу, односно вертикално поставени. На тој начин ќе спречите водата да се задржи во нивната дршка каде што тие се прицврстени со лепак и на тој начин ќе спречите тој да се оштети и влакната да почнат да опаѓаат.

 

Прегледи:
676
Објавено на:
20.08.2020