Категории

Smart Мoney Тalks – бесплатни вебинари за покренување на свеста за финансиската писменост кај младите

Соочени со пандемијата КОВИД-19 која директно влијае на економијата во светски размери, повеќе од кога било сме свесни дека управувањето со личните финансии може да биде навистина голем предизвик, особено кога доаѓа до промена во потрошувачките навики. Финансиската писменост е повеќе од потребна во претстојниот период, особено помеѓу младите кои што допрва треба да научат како разумно да раководат со личните финансии.
Токму затоа, Глобал Шејперс Скопје Хаб (Global Shapers Skopje Hub) со серијалот на вебинари „Smart Money Talks“ („Разговори за паметни пари“) сака да го доближи знаењето на експертите во областа на финансиска писменост и рационално раководење со личните финансии до младите. Целта е да го подобриме знаењето за финансиска писменост кај младите и активно да дискутираме на оваа тема. Серијалот „Smart Money Talks“ ќе има пет вебинари – почнувајќи со првиот во среда (19 август 2020 година) од 19 часот кој ќе биде на тема „Како бизнисите се справуваат со Ковид-19 кризата“. Ова се актуелните теми на кои ќе дискутираат говорниците во август и септември:
1. Како бизнисите се справуваат со Ковид-19 кризата
2. Финансиска стабилност во време на пандемија
3. Финансиски измами и перење пари
4. Како да управуваме со личните финансии за време на Ковид-19
5. Како финансиските институции се справуваат со Ковид-19 кризата
Вебинарите се бесплатни и ќе се одржат на македонски јазик преку платформата ZOOM.
Доколку сакате да бидете дел од овој настан, пријавете се на следниот линк или следете го Global Shapers Skopje Hub на социјалните медиуми.

Прегледи:
565
Објавено на:
19.08.2020