Францускиот претседател и првата дама Емануел и Брижит Макрон срдечно ја дочекаа германската канцеларка Ангела Меркел во еден дворец на југоисточна Франција.
Во прашање секако е деловна посета, а добредојде и посакаа со држење на дистанца, како и сите правила во врска со епидемиолошката ситуација која владее моментално.
Француската прва дама за оваа средба избра безвременска класична модна комбинација, во прашање е nude фустан во крем нијанса, со класичен крој, едноставен и елегантен.
Класичниот модел со рамен крој, Брижит го искомбинира со беж салонки на висока пета кои никогаш не излегуваат од мода.