Како да носите ‘плисе’ од глава до пети и тоа да изгледа беспрекорно
Плисираните материјали едноставно ги обожаваме без оглед на тоа за кое годишно време се работи. Ова лето ги носиме до крајот, па потоа продолжуваме повторно и во текот на есента. Овие познати дами ни даваат до знаење дека дефинитивно нема да се откажеме од нив и наредната сезона со оглед на тоа колку добро изгледаат кога се носат од глава до пети, и колку удобно и луксузно изгледаат.
За сите оние кои сакаат да изгледаат стилски, а притоа да не мораат да се откажат од комфорот, плисето изгледа безвременски, а еве како да ги комбинирате парчињата од овој материјал на вистински начин.