Дерма ролерите во последно време станаа достапни и за обичните купувачи. Тие повеќе не се алатка со која третманот може да се добие само во козметички салон. Но зошто одлуката да ги користите самите е најверојатно лоша..
Јасно е дека козметичарите и дерматолозите често не лажат кога се во прашање некои нешта. Постојат различни методи и филозофии за негување на кожата во зависност од културата и поднебјето од кое доаѓате. Некои имаат поголем медицински пристап додека други ротираат кон природни состојки итн. Различните мислења и пракса се потполно во ред но на крајот на краиштата, секој е индивидуа за себе и треба да го пронајде она кое му одговара.
Меѓутоа, постои еден став околу кој дерматолозите некако едногласно лажат а тоа е користењето на дерма-ролерот во домашни услови. Професионалците сметаат дека е лошо за вас а еве зошто.
Таканаречената microneedling алатката може да биде во облик на ролер (оваа метода се нарекува dermarolling) или во облик на своевиден печат со кој микро игличките со различна должина ја прободуваат кожата.
Проблем е тоа што козметичарите не моат да ги користат овие справи со иглички со должина подолга од 5мм затоа што во спротивно би пробиле под дермисот, слој на кожата каде крвните садови и нервите можат да ги третираат само сертифицирани дерматолози.
Овие справи доаѓаат со ризик од крварење, па дури и кратки иглички можат да рашират бактерии од акните или цистите на лицето и така да направат уште полош проблем. Исто така, додека професионалците ги менуваат тие иглички после секое користење, алатките за домашна употреба само се дезинфивираат. Но ако не го направите тоа или немате доволно моќно сретство, ова може да биде доста опасно.
Трагите после користење на дерма-ролерот се значително интензивни а многу нерамномерни.На тој начин кожата се оптеретува и може да претрпи трауми кои ќе остават лузни и хиперпигментација.
Доколку вистински сакате вашето лице да ја добие најдобрата нега, размислете два пати дали ќе пробате дерма-ролер за домашна употреба на себе.