Категории

Модна дизајнерка која стана вирална поради нејзините фустани кои можат да се носат на повеќе различни начини

Модната дизајнерка Ојлинда Акинфенва од Нигерија прави прекрасни мултифункционални фустани кои може да се носат на различни начини, според вашето расположение, и стилот секогаш да ви го одржуваат шик и свеж.

„Кога правам вакви фустани, понекогаш ми требаат недели за да ми дојде идеа, а понекогаш само неколку дена“ – вика дизајнерката која има нејзин бренд наречен Janore.

Овој смарагден фустан се носи на 4 начини:

И овој кремаст фустан се носи на 4 различни начини:

Ојлинда вика дека кога создава нов дизајн, почнува со цртање на што и да и падне на памет.

„Понекогаш започнувам со ракавите, па потоа го цртам телото, или ќе започнам со вратот па потоа ќе го довршам со што и да е потребно. Но, исто така, правам и промени по потреба успат, кога ќе почнам со шиењето. “ – вика таа. Дизајнерката признава дека некогаш прави грепки, но наместо да ги променува, таа ги остава за да направи поуникатен фустан.

Според неа, зелениот фустан оригинално требало да има долги ракави. „Откако го пресеков, одлучив да ги изоставам ракавите. Многу други промени се имаат случено низ процесот на креација“. Таа, исто така, додаде дека многу време поминува во тоа само да мисли на дизајнот, без воопшто да го креира.

Најпроменлив нејзин фустан е следниот:

А, овој интересен црвен фустан со точки, се променува на 3 различни начини:

Кога доаѓа до тоа да се остане страствен во светот на модата, Ојлинда е секогаш полна со енергија, мотивација и креативност. „Дали знаете колку е кул да си ја креирате сопствената облека, која е истовремено и убава и креативна?“ – вика таа. „Дизајнирањето ме прави да се чувствувам како да сум на врвот на светот, бидејќи на секој му покажувам што имам во главата, и сите ги обожаваат моите креации.“

Љубота за дизајнот на Ојлинда ѝ дошла случајно, кога еден ден, кога имала 17 години, сакала да се слика во нова облека, но немала ништо ново, па зела стара марама од мајка ѝ и направила блузичка од него.

Подоле имаме фотографии од уште еден фустан, кој се носи на 3 различни начини:

ѓ

Прегледи:
713
Објавено на:
05.09.2020