За потполно совршен look за било каква прилика, ова се најпопуларните фризури во моментов кој трендсетерките ги преферираат за секој ден но и за специјални прилики.
Минимализмот полека се имплементираше и во beauty светот, па така раскошните фризури со многу додатоци, каде секој прамен од косата стои совршено прицврстен – веќе заминаа во историјата. Дамите сега преферираат ноншалатни, фризури каде во фокусот е убавата негувана коса која има свој природен сјај. Со мали додатоци кои допринесуваат таа да изгледа романтично и нежно, во моментов најпопуларни се марамите за коса, и големите шноли кои се вратија назад од 90-тите.
За убаво средена коса во било каква прилика ви донесуваме неколку изгледи кои можат да ви послужат како инспирација.