Дали некогаш сте добиле некој совет, кој и колку да делувал добронамерно, не бил секогаш корисен? Не само што не бил корисен, туку и често бил толку несоодветен.
Ви ги споделуваме неколку од најклише бисерите на мудроста кои слободно можат да заминат во заборав.
Ако го сакаш она кое го работиш, нема да работиш нити еден ден во твојот живот
И колку да ја сакате вашата работа која ја работите, секако ќе има денови кога ќе ви дојде преку глава и нема да можете да го издржите притисокот. Понекогаш дури и нештата кои ги сакаме умеат да бидат напорни, затоа што сепак е –работа.
Никогаш нема да добиеш втора шанса да оставиш прв впечаток
Ова технички може да е вистина, но исто така добиваме прва шанса да оставиме добар втор впечаток. Сигурно голем дел од нас во својот живот запознале луѓе кои од прва делувале непријателски, одбивни па дури и непријатни, но кога со тек на време сме ги запознале подобро,сме сфатиле дека всушност сме имале погрешно мислење цело време.
Кој рано рани-две среќи граби
Будете се што порано што можете, тоа ќе ви гарантира дека ќе имате успешен и исполнет ден и ќе „најдете“ среќа на патот.
Секој може да постигне успех и да пронајде среќа без оглед на тоа во колку часот се буди, она што е важно е да не се откажувате никогаш и да продолжите да се обидувате се додека не успеете.
Се се случува со причина
Овој совет најчесто доаѓа во доста тешки мигови. Многу често луѓето кои изгубиле драги личности или искусиле некоја голема трагедија го добиваат овој совет.
Понекогаш, овој совет има смисла, но во вакви мигови тој е сосема несоодветен.
Затоа што и колку да посакуваме да пронајдеме објаснување, понекогаш такво нешто едноставно нема.
Ќе ја пронајдеш љубовта кога најмалку очекуваш
Повторно, ова исто така може да биде точно. Некои луѓе ја пронаоѓаат љубовта на својот живот во супермаркет каде не бараат ништо повеќе од млеко.
Но реалноста е дека ако го сфатите овој совет премногу буквално, можете да се најдете себеси како седите на вашиот кауч очекувајќи вашата специјална личност да се појави во вашата дневна соба. Но дали тоа значи дека треба да тргнете во потрага опсесивно? – Секако дек ане.
Она што треба да го направите е да бидете поактивни во социјалниот живот.
Времето ги лечи сите рани
Ова често се однесува на луѓе кои изгубиле некој, и секој кој изгубил некого кој сака може да каже дека тоа е точно. Но постојат одредени празнини кои никогаш не можат да бидат пополнети. Со тек на време болката ќе биде помала, но тоа не значи дека таа нема да постои.