Категории

Што е Азелаинска киселина – И зошто треба да ја вклучите во својата нега

Кога ќе помислите на третман на акни и розацеа, сигурни сме дека азелаинската киселина не е првото нешто кое ви паѓа на памет, но всушност би требало. Оваа киселина во последно време стана омилена помеѓу лекарите баш поради тоа што е благо но исклучително ефикасна во решавање на неколку проблеми на кожата. Еве што треба да знаете за оваа состојка за која моментално доста се зборува.

Позната е по името азелаинска киселина (Azelaic Acid). Таа е заситена дикарбоксилна киселина која воглавно се добива од житарици како пченица, јачмен и ‘рж, Таа не припаѓа нити на AHA нити на BHA киселините но се користи како ексфолијант. Има антимикробно, противвоспалително и кератолитичко дејство, а спречува појава на комедони и содржи антиоксиданси.

Дерматолозите ја употребуваат кај пациенти по потреба според рецепт за концентрација од 15% и 20% но во слободна продажба може да се најде во ниски концентрации, од 10%.
Азелаинската киселина може да се купи и користи во различни облици во зависност од тоа за која регија е наменета. Геловите и кремите се користат за лице и помали површини, а пената за поголеми како што е грбот.

ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ?
Главната употреба на азелаинската киселина е борбата против акни, третирање на розацеа, осветлување на умерена хиперпигментација и ексфолијација. Таа решава слични проблеми како и салицилната киселина и ретинолот но има тененција помалку да ја иритира кожата. Доколку некогаш сте користеле крем skinoren кој е лек против акни, таа е негова главна состојка.

КАКО ДЕЛУВА?
На прво место азелаинската киселина ја блокира синтезата на бактериите кои предизвикуваат акни и го регулира создавањето на ќелии на кожата. Со тоа спречува насобирање на изумрени ќелии кожа внатре во порите и на површината на кожата што значи не настануваат нити затворени нити отворени комедони. Кога се комбинира со салицилна киселина може да биде подеднакво ефикасно, ако не и доста поефикасна од ретиноичните киселини а нивната комбинација не предизвикува црвенило и луштење.

Азелаинската киселина исто така спречува претерано производство на меланин и со тоа спречува настанува на флеки и пеги и истовреме ги просветлува постоечките кои се со умерен интензитет.
Таа се користи и како третман за розацеа со што ги смирува воспалените процеси на кожата кои се одговор на агресивното влијание на надворешната средина.

КАКО СЕ КОРИСТИ
Уште една добра особина на оваа киселина е тоа што може да се комбинира со други киселини:
AHA и BHA, како и со ренитол, витамин Ц, ниацинамид и хијалуронска киселина, а смеат да ја користат и трудници.

Азелаинската киселина е доволно блага и може да се користи два пати дневно, наутро и навечер, а кај чувствителна кожа се препорачува еднаш и тоа во вечерната рутина. Она што е важно е дека за време на употребата на оваа киселина, задолжително мора да се користи висок SPF фактор доколку ја користите преку ден.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?
Секој кој има проблем со акни, флеки, розацеа, пигментација, независно од типот на кожата.

Прегледи:
2521
Објавено на:
09.09.2020