Категории

(ФОТО) Најпопуларните трендови на шминка за оваа есен кои морате да ги пробате

Собирајќи ги најпопуларните трендови од Инстаграм, Тик-Ток и модните писти, ви ги претставуваме најпопуларните makeup изгледи кои ќе ги обожаваме оваа студена сезона. 

Кога е летото во прашање, секогаш ротираме околу тоа „помалку е повеќе“. После неколку месеци поминати во носење на лесна шминка и природен изглед, со пристигнувањето на есента ни доаѓа секако малку понагласен и повпечатлив изглед а со тоа веќе сме подготвени да ги пробаме сите новитети кои ни доаѓаат во светот на убавината за оваа сезона.
Собирајќи ги најпопуларните трендови од Инстаграм, Тик-Ток и модните писти, ви ги претставуваме најпопуларните makeup изгледи кои ќе ги обожаваме оваа студена сезона.

1.Монохроматски розовови тонови
Монохроматската шминка е сосема „сигурен“ избор со кој никогаш нема да погрешите. Таа се постигнува лесно и изгледа кул дури и во есен. Се што треба да направите е да ги нагласите очите, усните и образите со еден ист тон на розова нијанса.

2.Нагласено руменило
Доколку сакате да продолжите со летниот гламур кој изгледа толку ноншалантно и природно, само истакнете ги образите и врвот на носот така што ќе добиете изглед како да сте останале малку подолго на сонце.Тоа изгледа толку природно, како руменилото да извира од вашата кожа.

3.Суптилен eyeliner
Понекогаш доволно е само малку повеќе да ги нагласите очите со ајлајнер за вашето лице да добие комплетна трансформација. Употребувајте ајлајнер во вид на молив во темна кафеава нијанса. Започнете исцртувајќи од надворешниот агол на окото така што со нежно движење на прстите ќе го „размачкате“ давајќи smokey изглед. Изоставете ја маскарата но нагласете ги јаболкниците со хајлајтер за што посвеж изглед.

4.„Очи-желка“
Овој изглед особено ќе им прилега на темнооките дами. Користете неколку нијанси на зелена боја така што ќе ги комбинирате заедно. Ова е идеален есенски makeup изглед затоа што потсетува на боите кои преовладуваат во ова годишно време.

5.Истакнати трепки
Иако овој изглед често преферираме да го избегнуваме, популарниот стил на шминкање кој го преферираше Twiggy неодамна стана еден од најголемите трендови, а сведок за тоа е и модната куќа Gucci која доста често го користи овој вид на шминка во своите кампањи и за време на модните ревии. Се што треба да направите е да бидете малку повеликодушни со маскарата, нанесете ја во неколку слоеви.

6.Кожа како делфин
„Кожа-делфин“ е тренд кој всушност подразбира блескава кожа која изгледа влажно, како тукушто да сте излегле од под туш. Иако овој изглед повеќе делува на летен, оваа есен се најде помеѓу најпопуларните трендови. Добро подгответе ја вашата кожа така што ќе ја нахраните со хидратантен гел-балм кој е и даде блескав изглед, исто така не штедете нити на хајлајтерот.

7.Eyeliner во аголот на очите
Графичкиот ајлајнер сеуште е во спотлајтот. Кај овој мејкап изглед со оглед на тоа што морате да бидете доста прецизни во нанесувањето на ајлајнерот во аглите на очите. Употребувајте водоотпорен ајлајнер со цел да избегнете размачкување на долните капаци.

8.Розови акценти
Ова е еден од оние трендови кој ни се враќа од ’80-тите и изгледа тотално модерно и стилски. Она што морате да го знаете и особено морате да внимавате е да го оставите остатокот од вашето лице прилично неутрален, единствено треба да бидат нагласени само очите.

9.Загасити пастелни нијанси
Како да носите пастелни нијанси во есен? Избирајте ги оние во загасити тонови наместо оние кои се вибрантни. За тотален ретро изглед употребувајте ги оние во кремаста структура.

10.Zoom-сјај
Иако преферираме комплетно no-makeup лице за Zoom конференциите секој ден, можеби сакате да направите мал исклучок? Се што ви треба е неутрални тонови на сенки, впечатлива нијанса на руменило и добро акцентирани и исчешлани веѓи. А она што е најважно е вашата кожа да изгледа свежа и блескава.

11.Впечатливо црвено
Црвените усни се симбол на есенската сезона. Дури и ако остатокот од вашето лице е прилично неутрален, црвените усни можат тотално да го трансформираат вашиот изглед.

12.Очи во бои на дијамант
Есента е идеално време за да се насочите кон боите на сафир, смарагд и аметист. Другиот дел од вашето лице нека остане неутрален додека вашите очи се прилично истакнати.

13.Маска која одговара со вашата шминка
Искористете го носењето на заштитна маска во полн сјај така што ќе ги комбинирате сенките на вашите очи со бојата на вашата маска. Супер кур, а овој изглед го обожава и Ариана Гранде.

14.Eyeliner во боја
Со оглед на тоа што носиме маски, сега е идеален момент да ги нагласиме очите. Иако понекогаш сенките можат да бидат премногу работа, најлесно е да додадете малку боја на очите така што ќе употребите ајлајнер во впечатлива нијанса.

15.Очи како лисица
Трендот на fox-eyes настана на ТикТок а од тогаш стана вирален тренд во светот на шминката. Овој тренд подразбира истакнување на очите во закосена форма и добро обликувани високи веѓи. Трикот кај овој начин на шминкање е во користењето на коректор под очите кој е малку посветол од вашиот природен тен.

16.Светкави усни
Иако ова година нашите усни се главно покрени, сјајот не заминува никаде од светот на трендовите. А ова е исто така совршена шминка за оние кои не преферираат кармини.

17.Бели крилја
Благодарение на видеото “Rain on me” ова стана вирален тренд. Впечатливо и совршено во комбинација со топол џемпер.

18.Вселенски „зачадени“ очи
Трансформирајте ги вашите smokey eyes во нешто комплетно поинакво. Користете нијанси инспирирани од ноќното небо.. Употребете ја најтемната нијанса за да создадете форма, а потоа додадете светки во аголот на очите.

19.Шербет очи
Кој вели дека „помалку е повеќе“ очигледно не знае за овој тотално кул изглед. Искористете онолку бои на сенки колку што сакате, и тоа сите заедно. Ќе создадете нешто сосема привлечно и шармантно.

20.Усни со боја на вино
Ако црвената боја не е баш ваш стил, тогаш пробајте длабока нијанса за боја на вино. Оваа боја едноставно е идеална за есенската сезона.

Прегледи:
705
Објавено на:
10.09.2020