Осаменоста е доста честа причина поради која се започнува една љубовна врска. После тоа следи осветата или тежнеењето да се заборави поранешната љубов. Парите исто така играат голема улога во целата приказна но во оваа прилика ние зборуваме за искрена љубов која ја поттикнала љубовната врска.
Постојат многу причини поради кои личностите подеднакво од машкиот и женскиот пол се одлучуваат да влезат во љубовна врска.
Иако љубовта би требала да биде двигател на сето тоа, сепак за жал не е, или барем не секогаш.
Осаменоста е доста честа причина поради која се започнува една љубовна врска. После тоа следи осветата или тежнеењето да се заборави поранешната љубов. Парите исто така играат голема улога во целата приказна но во оваа прилика ние зборуваме за искрена љубов која ја поттикнала љубовната врска.
Кои предности во животот може таа да ги донесе? Како може да направи да се чувствувате подобро и да делувате подобро?
Отсуство на депресија
Спрема неодамнешното истражување, депресијата е причина број еден поради која е се поголем бројот на самоубиства ширум светот. Да се биде во среќна љубовна врска донесува отсуство на депресија помала желба за било какви драстични потези во животот. Ова е особено важно за младите личности уште во тинејџерската доба, затоа што всушност таа доба е клучна за развој на депресивната состојба а лошите љубовни искуства се најчестиот двигател на депресијата.
Намалена агресивност
Личностите кои се сакани и добиваат прилика да сакаат некого, се помалку агресивни и лути од оние кои се чувствуваат осамено. Љубовта помага да се канализира бесот со помош на допир, разговор или едноставно со поглед. Личностите кои се во врска знаат дека е потребно трпение за нешто да се надмине. Тие настојуваат да не се лутат за секоја ситница и во голем дел од случаите ја согледуваат комплетната слика.
Добра орална хигиена
Студиите покажале дека личностите кои се во врска водат повеќе грижа за оралната хигиена од оние кои се сами. Здравата љубовна врска ве наведува да се грижите за себеси подеднакво како за личноста со која сте, додека оние кои ја немаат таа привилегија не се особено многу загрижени за сопствениот изглед нити за туѓото мислење.
Намален стрес
Кога имате некого со кого можете да ги споделите сите ваши грижи, стравови, планови и надежи, се чувствувате помалку незадоволно и стресот како да испарува од вашето тело. Од друга страна кога бремето на животот морате да го носите сами, логично е да се тонете кон празнина без дно.
Ве прави да го цените животот повеќе
Кога имате некој на кого можете секогаш да се потпрете, некој кој е постојано покрај вас, тоа е непроценливо богатство. Сите материјални добра со тек на време доаѓаат и си одат но оној кој останува покрај вас и покрај се, и кога немате ништо, ве сака поради она што сте, ве тера да се чувствувате како да имате вистинска причина да го цените животот и тоа што сте живи.