Категории

Зошто вашиот бивш партнер нашол нова девојка пред вие да пронајдете нов дечко?

Кога ќе затреба, мажите можат да бидат одлични глумци. Можат многу лесно да се преправаат дека се грижат за вас, додека вистински патат во длабочината на душата додека ја прегрнуваат својата нова девојка пред вас. Вистината понекогаш е потполно поинаква од онаа која ви е претставена. Поради тоа, денес ви ги наведуваме најчестите причини поради кои тој започнал нова врска пред вас.

Раскинувањата не се нималку едноставно ако се во прашање искрени чувства. Баш од тие причини не е пожелно препрано влетување во нова врска. На секој од нас му е потребно одредено време за да го преболи раскинувањето, како и да се почувствува доволно оддалечен од емоционалниот партнер со цел да биде во состојба да засака некој друг. Клучно е да си дадете налку време на себеси за да размислите и да поработите на своите емоции.

Независно од тоа кога сте раскинале, гледањето на бившиот партнер со нова девојка е секогаш болно. Едноставно, несфатливо ви е тоа дека веќе „оладил“ и е подготвен за нова љубов, додека од друга страна вие сеуште ги лечите раните кои ви ги задало раскинувањето. Меѓутоа, нештата не се секогаш толку црно-бели. Факт е дека сте го виделе со нова девојка, но тоа не е доказ дека тој е среќно заљубен и дека новата врска му значи се на светот.

Кога ќе затреба, мажите можат да бидат одлични глумци. Можат многу лесно да се преправаат дека се грижат за вас, додека вистински патат во длабочината на душата додека ја прегрнуваат својата нова девојка пред вас. Вистината понекогаш е потполно поинаква од онаа која ви е претставена. Поради тоа, денес ви ги наведуваме најчестите причини поради кои тој започнал нова врска пред вас.

Мисли дека новата врска ќе му помогне да ве заборави
Во најголем број од случаите, мажите започнуваат нова врска одма после раскинувањето со цел да ја заборават старата. Ретко, многу ретко се случува таквата врска да успее, затоа што на крајот таа трета страна страда поради недостатокот од љубов која му ја дала некому во погрешен миг.

Сака да ве направи љубоморни
И тоа му оди од рака зарем не? Иначе не би го читале ова. Ако сеуште се грижи за вас и сака и вие да превземете нешто по тоа прашање, мажот ќе „скокне“ во нова врска со првата девојка на која ќе наиде со надеж дека ќе предизвика љубомора од ваша страна.

Навикнат е да биде во врска со некого
Ова е чест случај во врските кои траеле долго и доживеале раскинување. Мажот повеќе не знае како да функционира како единка. Потребен му е некој како вас и очајнички бара некој покрај себе. Особено ако сте живееле заедно а вие сте биле задолжени за готвење, перење, чистење итн.

Среќата била на негова страна
Да не помислите дека се е завера против вас, и тој сака да ви врати, сосема е возможно дека овој пат едноставно среќата била на негова страна. Ќе помислите дека тоа не е фер и дека вие страдате додека тој ужива, но не е секогаш толку трагично. Ако сте заклучиле дека тој не е за вас, и покрај тоа што сте дале се од себе за врската да функционира, не треба да размислувате премногу зошто тој веќе има некој нов. Можеби овој пат раскинувањето ќе биде пресврт и во вашиот живот и вашата вистинска љубов чека на вас.

Не му било потребно да ве преболи затоа што не ве ни сакал
Тешко е да се чуе вакво нешто, но понекогаш едноставно мора. Мора да се слушне, разбере и прифати. Ако не ве сакал, нема да му е потребно нити време за да ве преболи. Можеби го гледате како победник но тој всушност е тој кој изгубил. Времето кое ќе го вложите за да го преболите ќе ве направи посилни, додека од друга страна тој никогаш нема да сфати колку длабочина може да има вистинската љубов.

Прегледи:
906
Објавено на:
19.09.2020