Категории

Порака до сите оние кои животот не ги гали – Има нешто кое треба да го знаете

Ти кој се соочуваш со тешки мигови во последно време.. Оваа порака е за тебе.

Оваа порака е за тебе.
Ти кој се соочуваш со тешки мигови во последно време. Ти кој чувствуваш како да те следи мрачен облак во секој чекор. Ти кој се чувствуваш невидливо. Кој не знаеш како ќе издржиш понатаму.
Ти кој си изгубил надеж и верба. Ти кој секогаш се обвинуваш себеси за сите нешта кои ќе тргнат во погрешна насока.
Ова е за тебе..

Ти си прекрасна личност која поседува неверојатна сила. Ти го правиш овој свет поубав, ти си надежта дека сеуште постојат вистински борци. Пред тебе имаш толку прекрасни нешта кои го очекуваат својот миг за да влезат во твојот живот. Среќата стои на твојот пат и ќе те пресретне во секој миг.

Издржи уште малце, уште малце поцврсто. Немој да се откажуваш сега кога си толку блиску. Те молам, продолжи да чекориш напред, ти ветувам се ќе биде добро.

Прегледи:
679
Објавено на:
23.09.2020