Категории

Есен 2020: Враќање на ретро трендот – СИНА сенка за очи

Сината сенка за очи е изглед за смели девојки кои сакаат да се истакнат и не се плашат да експериментираат кога е во прашање makeup-от. Доколку и вие сте една од нив, сега ви преостанува само да одлучите кој е најдобриот избор за вас.. Еве што предлагаат мејкап артистите..

Имирација на ајлајнер по должината на окото
Ова е суптилен twist на класичниот ајлајнер кој можи да го носи секоја девојка. Дури и можете да користите сенка за очи со помош на тенка четка.

Два тонови на сина боја
Овој изглед е идеален за забави или вечерни излегувања. На горниот и долниот капак нанесете интензивна кобалтно-сина боја а потоа преку горниот капак нанесете потемна нијанса на сина, важно е само добро да ги изблендате овие две нијанси. Овој контраст на нијанси ќе ви го истакни окото и додатно ќе го нагласи и исцрта.

Светлосина сенка на долниот капак
Ова е еден од најпопуларните трендови на Инстаграм кој го популаризира генерацијата Z, но зошто и ние миленијалците не би можеле да го испробаме? Овој мејкап изглед е нежен и интересн, но совршен за некои попладневни дружења кога сакаме да изгледаме свежо и интересно, а да не носиме тешка шминка.

Doll-like сенка на горниот капак
Овој разигран мејкап изглед е поедноставен отколку што изгледа. Впечатливата сина сенка нанесете ја на горниот капак, долниот капак оставете го ненашминкан, а потоа истакнете ги трепките така што ќе додадете природен doll-like изглед на вашите очи. Во аголот на вашите очи ставете светол хајлајтер кој е клучен чекор за нагласување на формата и ефектот на „очи како кукла“.

Smokey eye со сини тонови
АКо сте љубител на поинтензивна шминка – ова е изглед за вас. Smokeу еуе изгледот е сам по себе драматичен но прави да изгледаме самоуверено и мистериозно. Доколку го направите со сина сенка наместо со класичните тонови, ќе добиете уште подобар ефект.