Категории

Ен Хатавеј ни одржа стилска лекција – Ова е најубавата есенска модна комбинација

Ен Хатавеј го има рецептот за совршениот секојдневен стајлинг кој ќе и се допадне на секоја дама

Маските станаа дел од нашата секојдневна гардероба, па кога веќе мораме да го покриваме лицето со маска, барем таа нека биде слатка. Модните брендови весело ја прифатија оваа идеа па дизајнираа доста интересни принтови. Познатите ги носат своите заштитни маски и како аксесоари така што често избираат такви кои се необични и впечатливи и го надополнуваат стајлингот давајќи му една невообичаена нота.

Ен Хатавеј дефинитивно знае како да го направи тоа, таа неодамна беше забележана низ њујоршките улици со заштитна маска на која има принт со црвени усни.
Но она кое особено привлече внимание беше нејзиниот тотално есенски стајлинг. Комбинирајќи бизнис-кежуал вибрациите, таа носеше фармерки со висок струк, маичка и блејзер а сето тоа го заокружи со кожни вестерн чизмички.

Прегледи:
653
Објавено на:
25.09.2020