Категории

Денес се празнува Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден †

Воздвижение на Чесниот Крст Крстовден кој во народните верувања се нарекува Крстовден е значаен христијански празник од есенскиот циклус, еден од 12-те големи празници, којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 14 септември, односно на 27 септември по стариот календар.

Православните верници го слават празникот Крстовден.

Луѓето родени на овој ден се верува дека на своите јаки рамена ја носат сенката на Светиот крст и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога.

Крстовден е голем празник, денот кога беше пронајден и ископан Светиот крст на Голгота и денот кога беше вратен од Персија во Ерусалим. Овој празник се нарекува и Возвишение на Светиот крст.

Се слави двапати во текот на годината, 18 јануари и 27 септември. Претходно, луѓето строго се придржуваа на постот на овој ден. Во некои села се одржуваат и панаѓури.

Стар обичај на нашите простори е на овој ден добитокот да се премачкува со катран во знакот на крстот за да се заштитат од болести. Народот верува дека змиите мируваат на Крстовден и дека веќе не се низ полињата.

На овој ден, луѓето во црквата осветувале босилек, грозје, жито и јаболка. Овој осветен босилек се чувал со икона, а подоцна служел за разни заздравувања.

Се верува дека какво е времето во текот на Крстовден таква ќе биде и годината, односно:

Ако е облачно на Крстовден, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, следната година ќе биде суво.

– Ако до Крстовден ластовичките не заминат на југ, нема да бидемногу студена зимата.

– Тивкиот дожд на Крстовден предвидува блага зима.

– Грмотевица на Крстовден навестува плодна година.

– Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако денот е ведар, тогаш зимата ќе биде сува и студена.

Вообичаено е на Крстовден да се собере и освети босилек. Некои семејства го слават овој празник како куќна слава.

На Крстовден се почитува и строг пост – на леб и вода.

Според народните верувања, на овој ден сите молитви ќе бидат слушнати, а ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ги исполнува желбите на луѓето.

Затоа, замислете си желба и чекајте да ви се оствари!

Извор: https://iportal.mk/

 

Прегледи:
679
Објавено на:
27.09.2020