Годините поминуваат и изгледаме поинаку со секоја нова, но сите ние имаме дел од нашето дете останато во нас.
Трендот на рекреирање на стари семејни фотографии е еден од најинтересните трендови. Некои луѓе ги одглумуваат истите „сцени“, некои носат дури и слична облека, а некои се сликаат себеси, личејќи на нивен предок од пред многу години.
Кој и да е случајот, овие слики се секогаш интересни за гледање, и по малку носталгични. Погледнете ги овие рекреирани фотографии од луѓе низ светот, разгледајте низ вашите албуми и можеби ќе се инспирирате да рекреирате некоја фотографија и вие со вашите најблиски!
По 90 години, овие тројца браќа се фотографирале на истата фарма и на истата клупа.
Популарен пар од фотографиите на Вудсток – 48 часа откако се запознале и 50 години откако се запознале.
Пред и по 23 години.
1967 – 2019 – Истиот пар, истиот мотор.
Внук и дедо на факултет за Медицина, 70 години разлика помеѓу сликите, но двајцата ендакво ненаспани :)
38 години разлика помеѓу овие две фотографии. Татко и син!
Овие две сестри ја рекреирале нивната прва фотографија заедно. Едната сестра е сега брат!
На свадбата од сестрата, овие двајца брат и сестра рекреирале една смешна фотографија од детството.
2006 – 2019. Таткото е се’ уште пилот, но сега има придружник!
1985 – 2020. Семејство „фармерка“ :)
1985 – 2019 – татко и син.
Истата свадбена облека по 60 години.
Дедо и внук фотографирани на исто место во Токио, 73 години разлика помеѓу фотографиите