Категории

Литературата наспроти сообраќајот – река од книги низ Торонто

Luzinterruptus е анонимна група која спроведува урбани иницијативи на јавни простори. За нивната најнова акција, уметничкиот колектив претвори една од најфреквентните улици во Торонто во река од 10.000 блескави книги.

Нивната акција беше дел од Nuit Blanche 2016, уметнички фестивал што се одржува во текот на една ноќ. Книгите беа донирани од Salvation Army и над 50 волонтери работеа во текот на 12 дена за да ја претворат улицата  Hagerman во река осветлени книги. Така, градското подрачје кое што е обично е место исполнето со  брзи коли, загадување и бучава, за една ноќ,  станува место на тишина, смиреност и соживот осветлено со мека светлина што излегува од осветлените страници на книгите“.

Книгите  остануваат поставени на улицата за сите оние  што сакаат да ги земат, така што акцијата сама по себе ќе трае сè додека љубителите на книги  ја сакаат таму. Во 2016 година оваа акција траеше само десетина часа, но со сигурност ќе остане запаметена многу долго време.

Прегледи:
728
Објавено на:
03.10.2020