Неутралните бои на крем, беж и пудра се дефинитивно едни од најелегантните и најпрефинетите нијанси во кои секоја комбинација изгледа беспрекорно.
Класична, нежна и софистицирана, крем бојата е една од најпопуларните бои која го освои модниот свет. Од сезона во сезона таа ги одбележува дневните и вечерни комбинации, без оглед на тоа дали се работи за кежуал или елегантно издание. Едноставна за комбинирање, лесна за имплементирање во сечиј стил и прифатлива за сечиј вкус – крем бојата и сите нејзини тонови дефинитивно ги создаваат најубавите модни комбинации. Еве на кој начин ќе ја носиме оваа есен.