Категории

Зачудувачки нешта кои мажите ги прават кога девојката им се допаѓа

Кога се работи за чувствата и размислувањата, мажите се доста таинствени. Всушност, многу малку зборуваат за тоа – дури и кога се исклучиво во машко друштво. Ви разоткриваме неколку од нештата кои мажите ги прават кога им се допаѓате..

Не, не се само жените комплицирани – и мажите ги збунуваат со некои нејасни сигнали кои им ги оставаат. Дали му се допаѓате или не? Си поставувате такви прашања често откако ќе запознаете некој нов.
Меѓутоа, се случува мажите да ги сокриваат своите искрени чувства позади чудно однесување. Зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано? Ретко кој директно ќе каже што мисли и сака.

Еве кои чудни нешта мажите ги прават кога девојката им се допаѓа и често даваат спротивен впечаток.

ВОЗДРЖАНОСТ ВО РАЗГОВОРИТЕ
Ако делува воздржано додека разговара со вас, тоа е знак дека му се допаѓате. Повеќе би сакал да молчи и да ви дозволи вам да зборувате. Тоа често делува негативно – затоа што се смета дека молчењето е знак на досада и незаинтересираност. Меѓутоа, мажот молчи кога сака да биде сигурен – односно, ве остава вие да го водите разговорт со цел да го смали ризикот да ве „удави“ со некоја тема.

НЕ ИНИЦИРА ТЕЛЕСНА ИНТИМНОСТ
Да, добро сте прочитале. Ако не се труди да ве допре, тоа не мора да е знак дека не му се допаѓате. Ако реагира внимателно на телесната интима, веројатно се плаши дека ќе ја уништи врската која ја имате. Повеќе би сакал да почека да помине време за да создаде вистинска, длабока поврзаност со вас.

ДЕЛУВА НАРЦИСОИДНО
Кога конечно ќе почне да разговара со вас, често изјавува нешта кои делуваат „надуено“ и нарцисоидно? Тоа е јасен знак дека му се допаѓате – сака да ве воодушеви и да ви покаже што може да понуди. Меѓутоа, тоа често оди во погрешна насока и кај вас буди негативни чувства – кој би рекол дека вие едноставно погрешно сте го разбрале?

ВЕ СЛЕДИ НА СИТЕ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Секогаш е еден од првите кои реагира на вашите објави? Можеби тоа звучи малку застрашувачко но тоа денес е сосема нормално. Ако будите интерес кај некој маж, тој сигурно ќе ве „проверува“ на социјалните мрежи. Тука нема ништо лошо.

ВЕ ИГНОРИРА
Не се знае точно зошто, но мажите замислуваат дека едноставно мораат да ве игнорираат некое време – затоа што тоа жените го сакаат и така ќе им бидат повеќе секси. Меѓутоа, тоа е се, само не секси. Би било многу поубаво ако јасно го покаже својот интерес.

НАПНАТ Е
Уште еден знак дека му се допаѓате е неговиот екстремно напнат начин на однесување и говор на тело. Седи спроти вам како да има „голтнато метла“, не може да отвори уста, неговите мимики се малку неспретни? Супер, тоа се знаци кои не кажуваат ништо чудно – туку едноставно се знаци дека премногу му се допаѓате и тој е несигурен и се плаши дека ќе направи некоја грешка. Испратете му добри вибрации и веднаш ќе се опушти.

СЕ ШЕГУВА СО ВАС
Мажите малку пресериозно го сфаќаат фактот дека жените сакаат да се смеат, односно дека духовитоста е секси. Меѓутоа, некои вицови би можеле погрешно да ги протолкуваа а во најлош случај дури и да ги навредат. Значи, жените не сакаат глупави шеги – запомнете го тоа, драги момци!

Прегледи:
796
Објавено на:
13.10.2020