Категории

РЕЦЕПТ: Ризото со костени – Идеален есенски ручек

Пристигна сезоната на костените. И во слатки и во солени рецепти – костените се додаток кој умее да го претвори секое јадење во нешто неодоливо вкусно.  

СОСТОЈКИ:

  • 100 гр. варени сецкани костени
  • 400 гр. ориз
  • 1 главица бел лук
  • 1 главица црн лук
  • 300 гр. сецкана тиква
  • 1 лажица жалфија
  • 100 гр. путер
  • свеж магдонос
  • рендан кашкавал
  • маслиново масло
  • бујон од зеленчук

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте малку маслиново масло во поголема тава и испржете ги црниот и белиот лук. Додадете 300 гр. сецкана тиква, лажица жалфија и 400гр. ориз.

Во смесата додадете литар бујон од зеленчук, добро измешајте и гответе неколку минути. Додадете ги сецканите костени и гответе уште 5 минути, односно додека оризот не омекне а бујонот не испари доволно.
Стопете 100 гр. путер и додадете го во смесата, измешајте и ставете во чинии за послужување.
Декорирајте со свеж магдонос и рендан кашкава.

Прегледи:
686
Објавено на:
17.10.2020