Категории

Чудесно откритие кај вулканот Везув – Совршено сочувани неврони од жртвите од пред 2000 години

Италијанските археолози 2000 години после ерупцијата на вулканот Везув која се случи 79 година од Новата ера, открија „совршено сочувани неврони“ на едни од жртвите од ерупцијата.

„Ова е вистинско чудо, откритие без преседан. Ерупцијата како да ги „замрзнала“ мозочните ќелии на жртвите и така останале совршено сочувани и после 2000 гидини“, изјавува археологот и форензичар професор Пјер Паоло Петроне.

Ова спектакуларно откритие има своја вредност не само по тоа што е археолошка реткост, туку и пред се што овозможува до ситни детали да се утврдат фазите на ерупција од вулканот, споредувајќи ги со пишани документи и сведошства од современиците, да се утврди што се случило и на кој начин со жртвите на ерупцијата.

„Тоа се елементи кои можат да ни помогнат, врз основа на реконструкција на минатото, да ги утврдиме мерките на заштита од идни ерупции на било кој вулкан во светот“, вели професорот Петроне.

Вулканот Везув над Наполскиот залиф е активен и до сега има забележано 50 ерупции од кои онаа од 79-та година од Нашата ера е најразорна и во која се сосема уништени и покриени под пепел античките градови Помпеј и Херкуланеум.

Научниците нахнадно утврдиле дека ерупцијата на Везув во 79-та ослободила стотина илјади пати посилна термална енергија отколку двете атомски бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки.

Прегледи:
1869
Објавено на:
18.10.2020