Категории

Откријте дали тој е потајно заљубен во вас?

Да се претпостави дали некој е тајно заљубен во вас понекогаш може да биде прилично тешко, особено кога се работи за посилниот пол.

Тие некако секогаш се резервирани кога е во прашање изразувањето на чувства, со оглед на тоа што поголемиот дел не сакаат другите да знаат како тие се чувствуваат. Но зарем не би било интересно кога би можеле да знаете што мислат за вас? Ако навистина сакате да откриете дали тој е потајно заљубен во вас, обрнете внимание на следните нешта. Ви ги откривате тајните..

СЕКОГАШ Е НАСМЕАН КОГА РАЗГОВАРА СО ВАС
Без оглед на тоа дали е во ваше друштво или некој ќе ве спомне во разговор, насмевката на неговото лице е неизоставна. Ова е јасен показател дека контактот со вас или едностанво разговорот со вас го прави среќен, што имплицира на тоа дека му се допаѓате.

ТРАПАВ Е ВО ВАША БЛИЗИНА
Ако секој пат кога ќе се најде во ваша близина тој е неверојатно трапав, тоа значи дека е нервозен поради вашето присуство затоа што му се допаѓате и сака да остави подобар впечаток на вас. Баш тој труд го блокира да биде спонтан и да ви се претстави онаков каков што вистинско е.

ПОСТОЈАНО ВЕ ДОПИРА
Се работи за наводно невини допири кои на суптилен начин ги откриваат неговите чувства спрема вас. Во својата силна желба да ве прегрне тој ќе успее да ги совлада своите рекации но тоа нема баш да му оди од рака.

РАСКАЖУВА НЕШТА КОИ НЕМААТ СМИСЛА
Кога тој е потајно заљубен во вас, цело време ќе се сплеткува во своите зборови. Голем дел од неговите речение ќе бидат без смисла затоа што ќе настојува да ве инспирира. Совет: не слушајте што зборува, само како зборува.

ВЕ ОПСИПУВА СО ВНИМАНИЕ СЕКОГАШ КОГА ЌЕ МУ СЕ УКАЖЕ МОЖНОСТ
Интинктот на личноста која настојува да ви се допадне ќе прозборува во облик на негова желба постојано да ве опсипува со внимание. Кога и да излезете заедно нема да пропушти прилика да ви подари цвеќе, чоколада или нешто што знае дека го сакате.

СЕКОГАШ ВИ Е НА РАСПОЛАГАЊЕ
Ако не ги одбива вашите повици за дружење дури и кога е на фудбалски натпревар, тоа е јасен знак дека тој чувствува нешто силно спрема вас. Кога тој го „жртвува“ своето слободно време за да биде со вас тоа треба да ви е јасно што сака да ви порача.

Прегледи:
1037
Објавено на:
18.10.2020