Со падот на температурите, плетивата стапуваат на модната сцена. Бидејќи фустаните се модно парче кое го обожаваме преку целата година, кога е во прашање студената сезона, не постои подобар избор од плетените џемпер-фустани.
Како што веќе знаете, есенско-зимската мода не би била комплетна без омилените плетени фустани. Не само што изгледаат одлично во било каква комбинација, со чизми, потпетици или патики, тие се парче кое можете да го носите во било каква прилика.
Оваа есен во фокусот се oversized плетените фустани, оние на преклоп, како о оние со должина до глуждови и шлив.
Во секој поглед тие изгледаат урбано, шик, женствено и стилски.