Категории

Најпопуларните бои на коса за оваа есен

Есента официјално пристигна а фризерските салони во последните неколку недели имаат полни раце работа со есенските makeover-и на косата. Доколку ве интересира кои трансформации се моментално најбарани и кои фризури најчесто се избираат, ви откриваме детали.

Оваа есен најпопуларни се темните и топли тонови, бакарните нијанси и златниот сјај. Прамените најчесто се користат за да се освежи лицето и се преферираат во предниот дел од косата или на врвовите.

Топлите нијанси, бојата на кафе и бакарните тонови се помеѓу главните трендови.
Помеѓу помладата популација се појави и нов тренд ”underdye”, се работи за боење на долниот дел од косата на темето во боја различна од остатокот од главата. Тоа можете да го направите така што ќе изберете темно сина боја под, додека одозгора доаѓа потемната нијанса.

Кога е во прашање должината на косата, оваа есен најпопуларните се long bob и layers.
Лесниот волумен кој ја подигнува косата е една од најчестите желби на дамите.

 

Прегледи:
955
Објавено на:
22.10.2020