Речиси невозможната мисија на НАСА да успе да слета на астеродидот Бену која ќе мора да биде изведена во само 10 секунди беше успешно завршена.
Роботот на НАСА успеа да го допре астеродиот Бену и да собере примерок од неговото тло, камења и прашина. Материјалот ќе биде испитан и ќе им даде на научниците сознанија околу раѓањето на Сончевиот систем.
Вселенското летало Осирис-Рекс кое е 200 милиони км оддалечно од Земјата, успешно собра материјал од астеродиот, карпа богата со јаглерот наречена Бену.
Главниот истражувач на мисијата Данте Лаурета во неверување и шок изјави дека ова е револуционерно достигнување.
Научниците сеуште не се сигурни колку материјал беше собран, тие се надеваат дека тоа може да се околу 60-тина грама иако механизмот за земање примероци може да издржи до 2 кг.
Доколку е собрана доволна количиња на материјал тоа би можело да отклучи една голема тајна – Каков бил Сончевиот систем кога се формирал за прв пат пред 4,5 милијарди години.
„Астероидите се како временски капсули кои лебдат во вселената, и можат да дадат фосилни записи за раѓањето на нашиот Сончев систем“ – изјави Лори Глејз, директор на одделот за планетарни науки во НАСА.
Многу астероиди вклучувајќи го и Бену кои лебдат во орбитата на Земјата, некогаш може да се судрат со нашата планета. Подеталното истражување и сфаќање на овие карпи може да помогне во способноста на човекот да ги пренасочи во иднина да удрат во Земјата.