Категории

Загадочно откритие – Тунели стари 12.000 години откриени под тлото на Европа

Дали е можно древните култури да имале меѓусебен контакт пред повеќе од илјада години? Според новите откритија, овие подземни тунели ко се протегаат од Шкотска до Медитеранот, одговорот е големо –Да!

Причината поради која настанале овие масивни тунели е сеуште мистерија, многу истражувачи веруваат дека оваа мрежа стара 12,000 години е изградена како заштита од предатори и други опасности.

Некои стручњаци веруваат дека овие мистериозни тунели се користени како денешните авто-патишта овозможувајќи премин на луѓето и поврзувајќи оддалечени места ширум Европа. Во книагата „Тајните на подземните врати кон древниот свет“, германскиот археолог Хајнрих Куш наведува дека се докази за големите подземни тунели пронајдени под неколку десетици неолитски населби ширум европскиот континент. Овие огромни тунели често се нарекуваат и древни авто-патишта.

Според Куш, факт е дека многу од овие тунели постојат и денес, после 12,000 години укажувајќи на тоа дека биле комплексни и многу големи.

„Ширум Европа ги има преку илјадници“ – вели Куш. „Во Германија откривме стотини метри подземни тунели. Во Австрија пронајдовме уште стотина. Овие подземни тунели можат да се најдат насекаде во Европа и ги има на илјадници“.

Прегледи:
736
Објавено на:
05.11.2020