Категории

НАМАЛЕНИ ЦЕНИ И ЗГОЛЕМЕНИ КАПАЦИТЕТИ ЗА КОВИД-ТЕСТИРАЊЕ ВО НАЈГОЛЕМАТА ПРИВАТНА ЛАБОРАТОРИЈА НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која располага со најголемата приватна лабораторија на Балканот и е единствената во која се изведуваат сите видови тестирања за Ковид-19, набави нова лабораториска опрема за обработка на тестовите, што услови зголемување на капацитетите за тестирање на над 1000 тестови дневно и овозможи намалување на цените за тестовите.

Во услови кога бројките на новоинфицирани со SARS-CoV-2 вирусот секојдневно се зголемуваат и со цел заштита на јавното здравје, „Аџибадем Систина“, како одговорна здравствена институција која од самиот почеток на пандемијата е вклучена и придонесува во спречувањето на ширењето на вирусот, продолжува да излегува во пресрет на пациентите и граѓаните преку двојно зголемување на капацитетите за тестирање, продолжување на работното време на пунктовите за тестирање од 8 до 17 часот секој ден (вклучително и викендите) и намалување на цените и времето на добивање на резултатите (истиот ден најдоцна со 24 часот).

Новата цена на PCR-тестот за детекција на SARS-CoV-2 вирусот изнесува 2.700 денари, а болницата нуди и фамилијарен пакет – тестирање на над 3 члена од семејство по цена од 2.500 денари по лице и  пакет групно тестирање за компании – над 3 три лица по цена од 2.500 денари по лице.

Серолошкиот тест за утврдување на вкупната концентрација на IgM и IgG антитела во крвта, кој се изведува нa реномираниот имунолошки анализатор на SIEMENS и се врши преку примерок од крв, чини 1.200 денари. Станува збор за ултра сензитивен тест со кој јасно може да се утврди точниот имунолошки статус кај пациентите. Одредувањето на вкупната концентрацијата на имуноглобулини lgM и IgG е од исклучителна важност при одредување на третманот на секој ковид-позитивен пациент индивидуално.

Болницата нуди и пакет цена која ги вклучува овие два теста – PCR и серолошки SIEMENS тест за утврдување на вкупната концентрација на IgM и IgG антитела по цена од 3.800 денари. Двата теста ја даваат целосна слика за здравствениот статус на пациентот, односно дали е носител на вирусот и каков е неговиот имунолошки статус. На овој начин се олеснува мониторирањето на пациентот преку следење на концентрација на антителата, кои, пак, понатаму го одредуваат текот на ковид-третманот на пациентот.

„Аџибадем Систина“ од неодамна прва започна да прави и мултиплекс PCR-тест кој истовремено детектира Ковид-19 и сезонски грип. Цената изнесува 3.000 денари, тестирањето се изведува со земање брис од нос и грло.

За граѓаните кои имаат потреба од брзи резултати достапен е и ургентниот PCR-тест по цена од 12.000 денари. За хоспиталните пациенти истиот тест чини 6.000 денари, а резултатите се добиваат за 2 часа.

Со цел обезбедување најбезбеден и навремен третман на пациентите и максимална заштита и безбедност на вработените, низата тестови за Ковид-19 кои „Аџибадем Систина“ ги нуди се надополнува и со нов брз антиген-тест за детекција на Ковид-19 наменет за пациентите кои се примаат на Ургентен центар, а на кои им е потребен понатамошен третман, итна интервенција или хоспитализација. Тестот се изведува преку брис од нос, резултатите се добиваат за 15 минути и чини 1.200 денари.

За корисниците на останатите здравствени услуги кои ги нуди „Аџибадем Систина“, болницата нуди дополнителен попуст на PCR-тестот за детекција на коронавирусот, по цена од 2.500 денари. Ваучерот за попуст пациентите ќе можат да го искористат во рок од еден месец.

 

Прегледи:
526
Категории:
Здравје
Објавено на:
04.11.2020