Категории

Понекогаш ми се плаче, ми се вришти кога ја гледам нивната болка!

Премногу тажни приказни поминуваат забележани, а никој не превзема ништо. Кажете, направете нешто кога ќе забележите ваква негрижа, здруженијава не можат да постигнат…

Понекогаш ми се плаче, ми се вришти кога ја гледам нивната болка..😭😭😭
Не, не можам и не, не сакам да верувам дека во 2020 година има луѓе кои можат да доведат живо суштество во оваа состојба.. 😠
Не сакам да поверувам дека во 2020 година некој би бил измачуван и би трпел за едно парче леб.. дали знаете колку треба за да дојде до оваа состојба? За што го земавте? Не го биваше за лов ли? Зашто бре луѓе упорно земате кучиња за да ги измачувате? Зашто ако не ги сакате ги измачувате?
Не знам дали некој ви кажал, но и тие имаат душа.. И нив ги боли! А ние сочуствуваме со нив
..
Не знам уште што треба да напишам, дека ни треба помош? Знаете тоа.

Заги е негативен на сите тестови и останува под ветеринарна грижа ❤️
Нашите сметки ги знаете
Сметка за донации:
Шепасти Ентузијасти Скопје
300000004398986
Комерцијална Банка АД Скопје
Со назнака за Заги
PayPal: [email protected] mention for Zagi
Можете месечно да ни донирате:

 

Понекогаш ми се плаче, ми се вришти кога ја гледам нивната болка..😭😭😭
Не, не можам и не, не сакам да верувам дека во…

Posted by Шепасти Ентузијасти – Pawsome Enthusiasts on Thursday, November 5, 2020

Прегледи:
621
Категории:
Животни · Секојдневие
Објавено на:
05.11.2020