Категории

Какви обувки и опрема ви се потребни за планинарење во зима?

Времето поминато во природа е благодет за секој човек. Чист воздух, рекреација, ментално прочистување…идеално е за психофизичкото здравје на луѓето. Во зимските месеци луѓето повеќе време поминуваат дома и заради ниските температури и лошите временски услови поретко излегуваат во природа. Но, тоа треба да се промени. 

Некој некогаш кажал „Нема лошо време, има лоша опрема“, а кога станува збор за планинарењето ова е навистина точно. Времето во повисоките предели е често непредвидливо и знае брзо да се промени од сончево во облачно и магловито. Кога се одлучувате да поминете ден на планина неопходно е да имате соодветна опрема. Добрите обувки, облека која топли и панталони и јакна кои ќе ви делуваат како штит при лоши временски усови се задолжителни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ScoutOutdoorShop (@scoutoutdoorshop) on


Има повеќе светски брендови кои произведуваат токму ваква, специјална опрема која ќе ви ги направи есенските и зимските денови на планина пријатни. Salewa, Jack Wolfskin, Regatta…се веќе докажани фирми чиј квалитет е неспорен, а за среќа овие брендови и многу повеќе се достапни кај нас, во Scout Outdoor shop.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ScoutOutdoorShop (@scoutoutdoorshop) on

Лоцирана во центарот на Скопје, оваа продавница е вистински рај за љубителите на outdoor спортовите и рекреацијата, голем избор на обувки за различни активности, облека, опрема за планинарење, спортско качување, опрема за кампување, многу додатоци кои ќе ви го олеснат уживањето во природата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ScoutOutdoorShop (@scoutoutdoorshop) on


Новите колекции есен/зима 2020 од најдобрите брендови за outdoor опрема се веќе достапни во нивната продавница и онлајн. Најдете ги идеалните парчиња облека и обувки за вас и уживајте безгрижно во природата оваа зима.

 

 

Прегледи:
1491
Категории:
Спорт · Убавина и мода
Објавено на:
12.11.2020