Категории

Порака на гулаб писмоносец пристигнала после 100 години

Еден француски пар во тек на една прошетка пронашол ситна капсула со порака од пруски војник која пред повеќе од еден век требало да ја пренеси гулаб писмоносец.

Пронајдена порака од Првата светска војна е порака на војник од пешадијата кој бил стациониран во Ингерхејм.

„Во пораката биле детално опишани воени манвери а била упатена кон надреден офицер“ – истакнува Доминик Жарди, кустос на музејот Линж во Орбеј на истокот на Франција.

Четири гулаби требало да пренесат четири примероци на пораката на германски но еден од нив очигледно се изгубил брзо откако полетал. Не може потполно да се знае за сигурно точниот датум на нивното испраќање, особено годината затоа што последниот број е тешко читлив и не се знае дали е 16 јули 1910 или 1916.

 

Во тоа време Ингерхејм бил дел од Германија а сега припаѓа на француската регија Гранд Ест.

Капсулата со порака ја пронашол пар од Франција шетајќи по полињата и ја однел во Орбеј во музејот посветен на една од најкрвавите битки во Првата светска војна.

Кустосот на музејот Линж во Орбеј изјави дека ова е „исклучително ретко“ откритие и замоли германски лингивст да и помогне во дешифрирање на пораката.

Прегледи:
837
Објавено на:
12.11.2020