Категории

Октриена нова врста на мајмун во Мјанмар

(ВИДЕО) Нова врста на мајмун која сочинува околу стотина примероци со должина од околу 50 и 60 цм е откриена во Мјанмар, објавуваат истражувачите кои стојат за ова неверојатно откритие.

После долго истражување научниците од Германскиот центар за примати и невладината организација Fauna & Flora International, открија нова врста на мајмун која ја именуваа „Попа Лангур“.

Се работи за примати од семејството лангур, ендемски мајмуни од индијскиот подконтинент и југоисточна Азија наречени по планината Попа, свето место подигнато на местото на древниот вулкан во центарот на Мјанмар. Во тоа подрачје научниците ја открија најголемата група од оваа врта, прецизно околу стотина единки.

Идентификувани се уште три групи „Трахипитекус попа“ а нивната локација е во центарот на Мјанмар и сочинува околу 200-250 единки.

„Само што ги откривме, а веќе можеме да кажеме дека Попа Лангур е на работи на изумирање“, предупреди еден од истражувачите на FFI – Франг Момберг.

Специфичноста на новата врста на примати е потврдена преку ДНК земена од изметот на различни популации од истата врста, диви и такви во заробеништво, споредена со ДНК-та на историските примероци кои се чуваат во британските, германските, америчките и сингапурските музеи.

„ДНК анализта на примерокот кој веќе стотина години го поседува лондонскиот Природен музеј овозможува да ја опишеме новата врста која пред милиони години се одвоила од останатите врсти на тамошните лангури“, вели Кристијан РОс, стручњак од DPZ.

Тој истакнува дека новата врста се разликува од останатите по бојата на влакната, должината на опашката и големината на черепот.