Категории

РЕЦЕПТ: Време е за варено видно – Тана состојка која дава најдобра арома

Зимата е многу поубава со овој напиток

Постојат некои вкусови и мириси кои се резервирани само за одредени годишни времиња. Зимата е резервирана за топли напитоци, помеѓу кои е и готвеното вино.

Ако сте се чуделе како во кафичите секогаш испаѓа подобро отколку во домашни услови, време е да ви откриеме трик кој ќе промени се. Состојка која на вареното вино му дава посебна арома и препознатлив шмек – тоа е парче портокал.

СОСТОЈКИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ:

  • 500 мл вино
  • 125 мл вода
  • 2 лажици шеќер
  • каранфилче
  • бибер
  • мускатно оревче
  • поголемо парче портокал

ПОДГОТОВКА:
Една лажица шеќер стопете ја на тивок оган, откако ќе пожолти, прелијте го со вода. Потоа зголемете ја температурата и почекајте водата да зоврие. Потоа додадете уште една лажица шеќер и вино. Кога ќе почне да пени, тргнете го од ринглата. Виното не смее да зоврие.
Потоа додадете ги и останатите состојки па почекајте 5 минути пред да почнете со пиење за сите состојки да пуштат арома.

Прегледи:
742
Објавено на:
28.11.2020