Категории

Рецепт за најдобар сос за тестенини

Италијанката Марсела Хазан, која живееше и почина во Америка, беше позната готвачка и писателка, а нејзиниот сос од домати беше прогласен за најдобар во светот.

Тајната на совршенството на овој сос за тестенини е – едноставност! Додека многумина ќе посегнат по тегла индустриски сос од супермаркет, таа тврди дека нема потреба од тоа.

Потребни состојки за совршен сос:

– домат
– кромид
– Путер и малку сол

Подготовка на сос
Ставете половина кромид во тенџерето, без сечкање, додадете путер и варете кратко.
Додадете излупени домати и варете ги на тивок оган 45 минути.
Марсела тврдеше дека не треба да исецкате кромид или други состојки. Само додадете ги да се готват заедно и да ги мешаат вкусовите.

Прегледи:
611
Категории:
Гастрономија
Објавено на:
27.11.2020