Категории

РЕЦЕПТ: Комбинација од морков и мед за добар почеток секој ден

Зимата пристигна а тоа значи дека настапуваат и мали измени во режимот на исхрана. Колку е важно да се зајакне исхраната, толку е важно и на својот организам да му осигурате доволен внес на витамини па поради тоа ви донесуваме рецепт за брз и едноставен витамински здрав напиток кој ќе ви го поправи секој ден.

СОСТОЈКИ:

  • 250 гр. моркови
  • 1 лажица шеќер
  • 3-4 лажици мед
  • ½ литар млекоПОДГОТОВКА:
    Исчистете ги изрендајте ги морковите или сомелете ги во блендер и додадете шеќер, па оставете ги да одстојат 20 минути. Потоа исцедете го сокот и додадете мед, па сето тоа добро измешајте го се додека медот потполно не се стопи. Со тоа додадете млако млеко и промешајте. Напитокот е готов.

Пријатно!

Прегледи:
505
Објавено на:
08.12.2020