Иновативниот тим Les. Scientist победник на GITR 2020
GITR е настан преку кој се доближуваат новитетите на потенцијалниот пазар во земјата и странство, до новите и идни старт-ап компании. Целта на овој настан е преку помош на луѓето кои го поминале патот и стигнале до успешни старт-ап компании, со нивната пасија и тајна за успех, да се поттикнат и стимулираат креативни идејни решенија, а на веќе постоечките да им помогнеме во понатамошен раст и развој.
Настанот со помош на посебна онлајн платформа беше одлично организациран и подржан од институтции како Фонд за иновации и технолошки развој, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Студентскиот парламент на ФИНКИ, Факултетското студентско собрание на ФИНКИ, Асоцијацијата на студенти и информатичари, ИТ компанијата MCA, Startup Macedonia, Startup club Skopje, Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Red bull, Signature.mk и WAKE UP.
На овогодинешниот натпревар во рингот влегоа 12 тимови од кои најуспешен беше иноватиниот тим Les. Scientist. Студенти од Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ под менторство на д-р Јана Клопчевска, доцент и в.д продекан за настава, прават ремек-дела од храна со кои ги воодушевуваат посетителите на различни настани.
Тимот Les.scientist предводен од д-р Јана Клопчевска, доцент и в.д. продекан за настава на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.
GIRT настанот беше одлична промоција за нас. Карамели од ајвар, џем од виски, перли од швепс, чипс од овoшни лушпи, испишано мени што се јаде, прав од нутела и јадлива амбалажа се само дел од производите за кои тимот направил прототипи. Во овој проект студентите од 2016 па до сега имаат шанса да учат и да сведочат како науката може да прави чуда, а чудата да се аплицираат во одлична бизнис идеја, вредна за победа. Тимот е составен од млади активни луѓе или Деа Митева, Филип Србиноски, Ивана Димитријевиќ, Весна Јовиќ и Бојан Манасиев. Сите на крај на своите студии, активни во рингот и желни за победа, учествуваа и дадоа свој максимум.
Les.scientis, организирал повеќе од 50 настани за корпорациите во Македонија, поддржан од бизнис партнер од стопанство. д-р. Јана Клопческа го претставила тимот и интернационално со учество на HORECA Flanders во Гент, Белгија во 2018 година, каде молекуларната храна се служела во вендинг машини.
Направивме добар бизнис концепт, нешто ново на пазарот и бевме поддржани со активни менторски сесии од страна на организаторите, на што им благодариме многу. Интересно, тензично и адреналински беше во рингот и собите, ова година за разлика од ламни бевме онлајн но бевме многу возбудени, поготово што тимот само ден пред настанот го организраше големиот хепенинг на УКИМ, November fest 2020 година, со пренос во живо каде се презентираше молекуларната храна. Во 2021 година, не чека преставување на тимот во Канада, каде се надеваме дека ќе имаме одличен pitch за кој ќе се спремаме интензивно.
Победата на која тимот се покажа со најдобар едно минутен pitch пред жирито
Дел од производите на тимот победник
Џем од виски, нутела во прав, галактично сирење и бонбони со јадлива амбалажа