Мажите умеат вешто да прикријат дека се несигурни.
Секој маж, како и жените има периоди кога е несигурен во себе. Иако тоа вешто се обидуваат да го прикријат, истражувањата покажале дека тие се грижат за физичкиот изглед повеќе и од жените.
Најголемата несигурност на мажите им претставуваат килограмите, мускулите но и рацете.
Мускули
Дури и ако не одат на фитнес, мажите најмногу сакаат да ја импресионираат женската популација со своите совршени мускули.
Раце
Мажите можат да бидат доста чувствителни ако имаат нежни раце и зглобови.
Коса
Доколку имаат совршена коса, ќе се фалат на сите страни, а ако ја немаат, на сите начини ќе се обидат да го сочуваат она што останало од неа.
Влакна на лицето
Мажите нема да се чувствуваат мажествено ако на лицето им растат неизедначени влакна
Висина
Ниеден маж не сака да е понизок од жената, па често бираат партнерки кои и кога ќе застанат на штикли се пониски од нив.
Задник
Мажите доста добро знаат дека на жените најмногу им се допаѓаат од зад грб, па затоа се и внимателни да не добијат сплоснат задник.