Категории

Тотално неочекувани нешта кои на мажите и жените им се секси

Симнување на кравата, звук на високи потпетици по мермер, летни прозирни фустани.. Списокот продолжува. Еве што на мажите и жените им е неверојатно секси.

Секако, она што некој го смета за секси воопшто не мора да вклучува голотија или нешто слично на тоа.
Всушност тоа била тема во еден пост на Reddit во кој корисник на оваа мрежа ги запрашал луѓето да опушат што е за нив еротично, но да не биде нешто секојдневно и очигледно.

Ова се некои од коментарите кои биле најпопуларни:

-Секси е кога некој нежно те мази по косата.

-Кога зборуваш со девојка и таа ќе ја префрли косата преку ушите. Буквално почнува срцето да ми чука силно.

-Ова го открив неодамна. Сопругата и јас лежевме во кревет и се подготвувавме за спиење. Јас бев склопчен а таа лежеше свртена накај мене. Буквално во мигот кога го изгаснав светлото покрај креветот, таа ме бакна во самата средина на грбот и верувајте ми – повеќе не ми беше до спиење.

-Обожавам мажи во добро скроени одела. Неврзано за нивната висина или градба, но ако оделото им стои како излиено, мене ме обзема некоја врелина.

-Секси е кога жената носи закопчана машка кошула доволно долга да не и се потребни панталони.

-Танцување. Мојот бивш дечко ме водеше на часови по танцување. Колку е само секси кога некој ќе те фати околу половината и ќе те спушти ниско.

-Сакам кога мажот неочекувано ќе покаже цврстина. Не како билдер во теретана или нешто слично, мислам на тоа лежерно да подигне тежок предмет од патот.

-Секси е кога жена лежи на страна, а вие можете да ги видите сите нејзини облини – од колкови до струк, рамена, врат..

-Кога мажот ќе ја олабави краватата, особено кога го прави полека.

-Девојки во летни фустанчиња. Ништо не му стои на женското тело како лесни модели. Особено ако не носат градник, па облините се оцртуваат благо.

-Секси ми е кога девојка облекува тесни фармерки. Особено кога се мачи да ги провлече преку задникот.

-Обожавам звук на високи потпетици по мермер или плочки.

-Девојки кои се смеат се многу секси. Особено ако имаат убава насмевка.

-Сакам кога мажот го вади часовникот од раката. Тоа воглавно е знак дека го чека „валкана“ работа.

Прегледи:
724
Објавено на:
13.12.2020