Категории

Македонските кикбоксери со освоени многу медали на „Балкан бест фајтерс“

Македонските кикбоксери успешно се враќаат од меѓународниот турнир „Балкан Бест Фајтерс“ во Јагодина. Тие  освоија 29 медали (9 златни, 5 сребрени и 15 бронзени) .

Бобан Илиоски е прогласен за најдобар борец на турнирот во ринг. Илиоски противникот го победи со нокаут,  а тренерот Дејан Митровски –Урко доби признание за развој и допринос на кикбоксот на 5.Меѓународен турнир ББФ.

Димитар Ѓорѓиев во финалето до 86 килограми во лоу кик против Милош Јанковиќ од Србија извојува победа на поени.

Со златни медали се закитија Бобан Илиоски, Димитар Ѓорѓиев, Васко Илиев, Дамјан Зафировски, Филип Ризов, Слаѓан Димиќ, Силвио Мировски, Фати Беџети и Александар Арапов.

Сребро освоија Филип Митровски, Стефан Каевски, Егзон Рамадани, Марко Горневски и Туркер Исмаил.

А до бронза дојдоа Викторија Варадинова, Марко Андонов, Славе Делиовски, Фериз Азири, Иве Леков, Петар Мијоски, Јусуф Шабани, Дамјан Радевски, Емир Ибраими, Марко Тодоров, Петар Христовски, Владанка Бојкова, Горјан Ристовски, Алјан Исуфи и Јани Постолов.

 

 

Прегледи:
651
Категории:
Спорт
Објавено на:
14.12.2020