ОВЕН
Ќе добиете вест која ќе биде патоказ. Свесни сте дека таа информација ќе ви укаже каде да одите понатаму, но не ви е јасно што е крајната цел. Прифатете ги предизвиците а препуштете времето да ви ги донесе одговорите на сите прашања кои ве мачат.
БИК
Имате прилика да работите поинтензивно на проектите кои веќе долго се обидувате да ги завршите. Тоа подразбира дека некое време ќе морате да работите две работи одеднаш. Малку труд на долги патеки ќе ви донесе голем успех.
БЛИЗНАЦИ
Не ви е јасно како сте успеале да ја пропуштите понудата која неодамна ви се испушти. На таа тема ве очекува разговор во кој нема да ви биде пријатно. Ако е подготвено поднесете критика и понудите лично оправдување, шансата не е изгубена.
РАК
приморани сте часовите да ги поминете во кругот на луѓе кои не ви укажуваат почит која мислите дека ја заслужувате. Нивното игнорирање не е злонамерно, се работи за особи чии интереси немаат допир со вашите, па така не сте интересни нити да ве проценуваат.
ЛАВ
Сведете ја својата нетрпеливост и импулсивност на минимум за да избегнете поголеми неволји. Си давате слобода на себеси да положувате право на заслуги кои не сте ги заработиле. Време е да пронајдете убавина во откажувањето и давањето макар и симболично да подарите ситници.
ДЕВИЦА
Околу вас се генерира негативна енегија која сте ја започнале. Ви се чини дека опкружувањето ве исцрпува а вие го занемарувате тоа дека и вие ги оптеретувате нив со своето досадување. Не заборавајте дека она што стигнува до вас е еднакво на она кое го давате.
ВАГА
Вклучете ги соработниците и направете план за колективна работа. Успехот е возможен единствено на таков начин. Вашата заедничка работа ја извршувате со големо задоволство така што успехот е извесен. Внимавајте на финансиите ве очекува непланиран трошок.
ШКОРПИЈА
Си семате за себе малку слободно време но не се организирате на вистински начин. Пасивноста би можела да му ги наполни батериите на некој друг но тоа за вас може да биде извор на голема тензија која ако не ја исфрлите од себеси се заканува да прерасне во агресија.
СТРЕЛЕЦ
Вашиот однос према обврските не е на највисоко ниво. Соработниците ве покриваат но тоа нема да трае вечно. Променете го ставот, извршувајте ја на работата на поодговорен начин и без вишок приказни затоа што вашата шеговитост може да има негативни последици.
ЈАРЕЦ
Фантазирате и сте сестрани и полни со идеи па има големи шанси тоа да го претворите во добар профит. Меѓутоа, за да остварите некои поголеми цели морате нешто да жртвувате а тоа најверојатно е нешто поврзано за вашиот приватен и љубовен живот.
ВОДОЛИЈА
Се обидувате во својата работа да внесете иновации за кои долго размислувате. Чекате поволен миг предлогот за тоа да го предложите на луѓето кои се одговорни за тоа. Не смеете предолго да чекате, превземете иницијатива и најавите разговор.
РИБИ
Љубовниот живот ви е во центарот на вниманието. Вашиот партнер бил долго во сенка и ги трпел вашите професионални залагања и проблеми кои доаѓале со тоа. Време е да му надохнадите, особено на крајот на денот кога ќе му биде потребна вашата утеха.