Обрнете особено внимание на овие нешта доколку сакате да изгледате како милион долари.
Модните стилисти често истакнуваат дека за добар стил не е доволно само на себе да ја облечете најскапата брендирана гардероба која на сите агресивно им соопштува дека сте потрошиле цело богатство на неа, тоа создава само контраефект. Поради тоа, кога смислувате стајлинг треба да водите грижа за неколку нешта за да не изгледате ефтино дури и ако својот плакар немате нити едно парче за кое сте платиле вртоглава цена.
Носите облека која не ви одговара
Добро познато правило е дека облеката која не ви прилега не е за вас без оглед на тоа дали е скапа или ефтина.
Се што не ви одговара треба да преправите. Капут, сако, фустан или кошули кои не ви ласкаат на вашата силуета. Во некои случаи помагаат едноставни трикови: сакото или капутот можете да го нагласите со помош на каиш, а предолгите ракави или ногавици можете да ги завртите. Во секој случај треба да избегнувате премногу тесна облека – тоа никогаш не изгледа добро.
Носите накит кој имитира дека е скап
Впечатливиот накит било кој стајлинг го преправа во кул комбинација во која ќе изгледате како кралици на стилот. Треба да знаете дека без оглед на тоа колку е добар вашиот стајлинг, ефтиниот накит кој имитира дека е скапоцен ќе го упропасти секој изглед.
Прстен или нараквица кои сте ги купиле на штанд на некоја млада дизајнерка или сте го изработиле самите е секогаш подобра опција отколку накит кој е имитација на сребро или злато.
Премногу светли бои и светкави ткаенини
Неонските бои од глава до пети, светките и необичните комбинации на дезени и премногу светли тонови најчесто не изгледаат добро. Ваквите екстравагантни комбинации најдобро препуштете ги на модните блогерки на кои тоа изгледа кул, а вие сконцентрирајте се на класичните нијанси кои можете да ги зачините со детали и едноставни бои и дезени.
Никогаш немојте да носите светкав фустан со металик штикли, драматична шминка и коса стилизирана во бујни бранови – подобро одлучете се за патики и коса собрана во коњско опавче.
Ефтината облека во темни бои често изгледа подобро и поскапоцено од истите парчиња во светли тонови, затоа што недостатоците им се најмалку воочливи.
Не ја одржувате облеката
Видливо износената облека со итрошените потпетици, дамки, изгужваната облека, дугмињата кои недостигаат, патентот кој се расипал – тоа се грешки поради кои секој стајлинг ќе изгледа ефтино. Облеката и обувките кои изгледаат истрошено и старо без оглед на тоа колку се скапи никогаш не се добро решение и секако погрижете се тие недостатоци да ги поправите и се да изгледа ново и во добра состојба.
Не внимавате на деталите
Копчињата, околувратникот или патентот се многу важни детали кои прават голема разлика во секое висококвалитетно парче и можат додатно да го „поефтинат“ ако нештата се стари и истрошени. Ако имате убава јакна или капут, меѓутоа пластичните копчиња со текот на времето избледеле, веднаш заменете ги со такви кои се од поквалитетен материјал како дрво, метал или кожа.
Не носите соодветна долна облека
Стилистите како една од најчестите модни грешки го наведуваат примерот под маицата или панталоните да се гледа градникот или ивиците на гаќичките. Тоа го прави секој изглед ефтин и невкусен. Поради тоа погрижете се вашата силуета да не ја нарушуваат непосакувани шефови. Инвестирајте во квалитетна долна облека, а можете да се одлучите и за боди без рабови кои кога ќе носите тенка облека нема да ви се оцртуваат.