Категории

Рига е местото каде за прв пат било накитено божиќното дрво – Еве како е украсено денес

Кога нешто ќе се случи пред повеќе од 500 години, не е лесно да се разграничи каде престануваат фактите а каде започнува легендата – но латвијските стручњаци тврдат дека првото божиќно дрво било украсено токму во Рига.

Традицијата наводно се родила во најголемиот пазар во Европа, на просторот со големина колку девет фудбалски игралишта каде се наоѓаат околу три илјади штандови кои во текот на викендот ги посетуваат над околу 100,000 луѓе. Тоа место и UNESCО го додате на пописот на светски монументи.

Обичајот на украсување на дрвјата наводно започнал во 1510 година кога локалните трговци го украсувале со уметнички ружи, танцувале и се веселеле околу него, а потоа и го палеле. И денес во Рига може да се прочита натпис во камен на осум јазици кој наведува дека се работи за место на кое е поставено првото јавно божиќно дрво.

Дваесет години подоцна Французите купувале дрвја на пазари, ги носеле во своите домов но не ги украсувале. Дрвјата кои се продавале не смееле да бидат поголеми од 1,20 цм. Почетокот на 17 век во Германија било вообичаено дрвјата да се украсуваат со јаболка, а со тек на време овој обичај станал популарен и низ цела Европа за време на празниците.

Прегледи:
546
Објавено на:
27.12.2020