Во текот на археолошките ископини на веќе познатите делови на археолошкиот парк „Помпеј“, градот кој исчезна во ерупцијата на вукланот Везув во почетокот на новата ера, пронајден е одлично сочуван термополио, т.е. место каде се продавала храна.
„На ѕидовите се наоѓаат слики од морски нимфи на коњ, а боите се толку силни и добро сочувани што воедно дава впечаток на тродимензионалност“, рекол за агенцијата директорот на археолошкиот парк „Помпеј“, Масимо Осана.
За стручњаците се доста важни и трагите храна пред термополиото (Помпејците по обичај јаделе надвор), чија анализа овозможува подобро да се реконструира секојдневниот живот на античкиот град.
По прв пат за ископувањата се користени најнови методи и технологија која дел од античиот град да се откопува без оштетување.