Категории

Вака изгледа прстен со најмногу дијаманти на светот – Прстенот наречен Невен се состои од 7,801 дијамант

Харшит Бансал, основачот на индиската компанија Renani Jewels, потпишува моден детал обложен со дијаманти, а инспирација за основната форма е голем цвет во прстенот. Прстенот го носи името Невен, според цветот што личи, а официјалното име е „Прстен на просперитетот“ и се состои од златен прстен и 12.638 бели дијаманти. Влезе во Гинисовата книга на рекорди и тежи нешто повеќе од 165 грама.

На Харшит Бансал, кој го потпишува овој луксузен украс, му се доделува титулата „Прстен со најмногу дијаманти на светот“. Претходниот рекорд го држеше прстен со 7.801 дијамант, а го потпиша индиската куќа за накит Hallmark Jewellers од Хајдерабад.

Станува збор за природни безбојни дијаманти, кои се распоредени во дизајн инспириран од изгледот на невен цвет, пишува Си-Ен-Ен. Авторот постојано работи со дијаманти, применувајќи ги на златни нараквици, а меѓу парчињата се издвојуваат ѓердани за индиски свадби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RENANI JEWELS (@renanijewels)

Прегледи:
866
Објавено на:
06.01.2021