Миењето на косата со кафе придонесува таа да биде поздрава, посјајна и поубава. Иако повеќето жени сметаат дека ова е луда идеја, миењето на косата со кафе е одличен метод за поздрава коса.
Истражувањата покажаа дека кафето може да го подобри сјајот и растот на косата. Исто така, помага да се затемни нијансата на косата.
Направете силно кафе – колку е потемно и посилно, толку подобро ќе биде неговиот ефект врз бојата на косата. Покрај црно кафе, можете да користите и еспресо.
Откако ќе го подготвите кафето, измијте ја косата со шампонот што нормално го користите. Исушете ја косата, но не целосно. Ако косата е долга, поместете ја напред и нанесете кафе и масирајте ја. Оставете го да отстои 20 до 60 минути, а потоа исплакнете го со топла вода и добро исушете го. Повторете го ова еднаш неделно, и треба да знаете дека резултатите може да бидат помалку видливи на светла коса.