Категории

Постојано ви студи? – Ова се некои од главните причини за тоа

Има луѓе на кои им студи кога температурите паѓаат под нулата, но и такви кои се постојано студени. Ако спаѓате во втората група, тогаш сигурно неколку пати сте наишле на незадоволство од околината кога, на пример, сте биле единствените во канцеларијата кои сакале да се затвори прозорецот додека на другите им било жешко.

И ако досега единственото објаснување што некој ви го понудил за тоа е дека сте зиморливи, време е конечно да откриете кои се вистинските причини да ви биде постудено од другите. За почеток, важно е да се знае дека на жените генерално им е постудено отколку на мажите од едноставна причина што „топлината се акумулира околу нивните витални органи“, како што изјави лекарот и професор по медицина Рошини Рај.

На чувството на студ може да влијае и ниското ниво на телесни масти, што инаку делува како еден вид изолација. Заморот и дехидрираноста се исто така можни виновници, бидејќи недостатокот на сон доведува до забавен метаболизам и нарушена циркулација. Од друга страна, водата му помага на телото да ја задржува и ослободува топлината побавно, односно да одржува униформа телесна температура.

„Другите можни причини за честа треперење вклучуваат ниско ниво на железо или витамин Б12, кои играат голема улога во регулирањето на телесната температура“, додава Рај и препорачува да посетите лекар кој ќе го препознае вашиот проблем и ќе ви ги даде најдобрите совети.

Прегледи:
562
Објавено на:
31.01.2021