Иако сме сеуште длабоко навлезени во зимата, наскоро кога ќе дојде топлото време сигурно многу дами ќе бараат на интернет како лесно да се ослободат од вишокот влакна на телото. Денес ви донесовме одлично и безболно решение, по што кожата ќе ви биде мазна и свиленкаста, а тајната е во домашниот сапун.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- ¼ шолја гел од алое вера
- ¼ чаши течен сапун
- 1 лажица гел од бадем
- ¼ чаша топла дестилирана вода
- есенцијални масла по желба, неколку капки
- ластично шише со течен сапун
ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги наведените состојки и истурете во шише. Внимавајте секогаш да го тресете шишето пред секоја употреба и препорачливо е да го користите додека се туширате. Можете да го користите сапунот два месеци.