Категории

Лејди Гага воодушеви во дамско модно издание во Рим

Лејди Гага е добро позната по своите потполно откачени и луди модни изданија што малкумина би се осмелиле да ги носат, а овој пат ги изненади своите бројни обожаватели со нетипичен стајлинг за неа.

Музичарката позната по своите уникатни модни изданија – се сеќаваме само на тие бизарни фустани со месо – го снима својот нов филм во Рим, а фотограферите, се разбира, одат по нејзините стапки. Тој снима нов филм на Ридли Скот за животот на модната династија Гучи на локации во Рим, во кој ја игра Патриша Реџано, поранешната сопруга на Маурисио Гучи.

Лејди Гага, беше олицетворение на чиста елеганција во моќен капут од интересен крој со потписот на Max Mara, кој беше надополнет со чевли на висока пета темно црвен тон, ракавици и торба Celine.
Овој потполно нетипичен стајлинг за неа, 34-годишната кралица на трансформацијата беше зачинет со крената коса во пунџа.

Како што претходно беше најавено, во филмот за семејството Гучи, освен Лејди Гага, ќе ги видиме и Адам Драјвер и Џереми Ајронс.

Прегледи:
572
Објавено на:
05.03.2021