Еднаш некој светец шетал во природа и додека поминувал покрај мало село, му се приближила една расплакана жена која го замолила да дојде и да му помогне на болно дете. Тој отишол во селото и толпата се собрала околу него, бидејќи таквата личност била ретка глетка. Му го донеле болното дете, а тој изговорил молитва над него.
„Дали навистина мислиш дека твојата молитва ќе му помогне кога дури и лекот не успеа да го стори тоа?“ – извикал еден човек од насобраната толпа.
„Што знаеш за овие работи?! Ти си обична будала! “,, – му одговорил светителот на човекот.
Човекот станал страшно лут, лицето му поцрвенело и почнало да врие. Тој само сакал да каже нешто и да истрча и да го нападне светецот, но тој му пријдел и му рекол: „Ако еден збор има толку многу моќ да те направи толку лут и црвен, зошто друг нема да има моќ да лекува?“ И така тој ден светителот исцелил две лица.