(ВИДЕО) Руската балерина Илмира Баграутинова од светски познатиот театар Марински ја изведе познатата претстава Лебедово езеро, но не на сцената, туку на замрзнатиот Фински Залив.
Со изведбата, таа сакаше да го изрази својот протест против изградбата на пристаништето во заливот Батареинаја, популарна плажа на 100 километри од Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија. Танцуваше на дури -15 Целзиусови степени, а на Интернет објави видеа.
Таа за Би-Би-Си изјави дека се надева дека оваа изведба ќе помогне да се спасат лебедите кои живеат во заливот. Видеото е во продукција на Катерина Хинкулова.